ВМРО-ДПМНЕ обвинува, а Зоран Заев демантира дека негов возач подметнал пожар

Откако дел од медиумите го најавија случајот, Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека синоќа полициски службеници го привеле А.Н. поради сомнение за сторено кривично дело. Оттаму додаваат дека во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струмица се преземаат мерки за расчистување на случајот

Возачот на поранешниот премиер Зоран Заев е уапсен за подметнување пожар во атарот на браната Водоча во Струмица, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Ваквите изнесени наводи од страна на Лефков следуваат откако утрово дел од медиумите објавија дека е уапсен возачот или телохранителот на поранешниот премиер Зоран Заев поради сомнение дека намерно предизвикал пожар во Струмичкиот Регион.
Според пратеникот, ова е доказ дека пожарите во земјава не се природна непогода, туку смислено сценарио на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и луѓе блиски до партијата, со цел на создавање нестабилност и хаос во државата.
Тој јавно п раша дали во СДСМ има организирана група за палење пожари и предизвикување хаос во државата.
„Ако човек од најблиското опкружување на Заев пали, тогаш се поставува прашањето не само дали, туку колкумина се дел од организирана структура и мрежа на пиромани“,изјави Лефков
За пратеникот, фактот што шоферот на Заев подметнал пожар отвора прашање, каква е вмешаноста на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, знаејќи за нивната блискост и поврзаност.
„Го повикуваме Венко Филипче, ако не стои заедно со Заев Заев зад потпалувањето на пожарите, јавно да се откаже од него, наместо да биде негов потрчко и извршител“,рече пратеникот.
Инаку, утрово дел од медиумите објавија дека е уапсен возачот или телохранителот на поранешниот премиер Зоран Заев поради сомнение дека намерно предизвикал пожар на браната Водоча во Струмица.
Поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за „Фокус“ демантира дека приведениот бил негов возач или телохранител. Лицето што е приведено од страна на полицијата, рече дека во Општина Струмица работело како возач за потребите на управата и вработените.

„Александар Николов е вработен во Општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во тој период од 12 години, колку што бев на чело на општината, возач на градоначалникот т.е. мој возач беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а потоа беше Кире Ангелов“,вели Заев за „Фокус“.
Посочи дека колку што се сеќава Николов во тоа време работел на портирницата во општината и бил возач на општинското возило наменето за потребите на општинските инспекции и останатите служби за теренските активности.
„По завршување на мојот градоначалнички мандат воопшто го немам видено Александар Николов“,изјави  поранешниот премиер Зоран Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи: