ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече граѓаните идиоти во официјалнo соопштение од партијата. Наместо да покажат почит кон луѓето од кои бараат доверба, тие продолжуваат со навреди, потценување и арогантен однос кон сопствениот народ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали во СДС има кормирал, каде оди СДС со ваков однос кон граѓаните? СДС продолжуваат со потценување, навреди и арогантен однос кон граѓаните и токму поради тоа исчезнуваат од политичката мапа во државата. На СДС им смета се, им сметаат прослави за независноста, им смета напредок им смета развој а сега го пробија дното и ги нарекоа граѓаните идиоти. СДС единствено што знае е да ликува на неуспех, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Граѓаните гледаат, паметат и знаат да проценат кој ги почитува, а кој ги потценува.

-Затоа СДС е на маргините на политичкиот спектар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: