„ВМРО-ДПМНЕ стана движечка сила која го претставува народот“

Тоа што народот 7 години довербата ја дава на ВМРО ДПМНЕ, партијата ја направи сила. Тоа што станавме движечка сила која го претставува народот е голема чест но и силна одговорност кон Република Македонија – истакна претседателот на 23 годишнината од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Премиерот Груевски посочи дека додека во СДСМ продолжуваат со истите луѓе кои беа блиски до Црвенковски. ВМРО ДПМНЕ продолжува со реформи и промоција на нов кадар.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ нагласи дека нивното политичко делување се врзува со одбраната на државните и националните интереси.
– Секогаш мора да се залагаме за успеси и да си поставуваме повисоки цели со кои ќе направиме што повеќе. Со таквите цели ќе го одбраниме државниот и националниот интерес, истакна Груевски.
Заблагодарувајќи им се на сите партиски членови за поддршката и за спроведените дела тој истакна дека политичкото делување на ВМРО ДПМНЕ се врзува со државните и националните интереси.
ВМРО ДПМНЕ е партија која секогаш ја зборува вистината, рече Груевски и додаде дека попречувањето нема да ги обесхрабри туку само ќе ги мотивира за двојно повеќе работа и реформи.
Добро е што во вакви моменти кои се клучни ВМРО ДПМНЕ е партијата која и го чува грбот на државата – посочи Груевски.

Извор: КурирТоа што народот 7 години довербата ја дава на ВМРО ДПМНЕ, партијата ја направи сила. Тоа што станавме движечка сила ко

Пронајдете не на следниве мрежи: