Венко Филипче испрати социјалдемократски честитки од Рим, каде што е на продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот, и уште еднаш покажа колку е лажно загрижен за работничките права и работниците, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако избега од седницата за пратенички прашања во Парламентот и ја пропушти можноста за конфронтација, Филипче само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и задоволството се негов приоритет пред граѓаните.Тој потврди дека реториката како „ние се грижиме за граѓаните и работничките права“ е во спротивност со вистинското политичко и приватно однесување и дејствување на раководството на СДСМ и Филипче.СДСМ и Венко Филипче не се доследни и немаат стратегија и план за својата партија и држава, за што сведочи фактот дека Филипче постојано се обидува да се продаде како единствен арбитер на европскиот пат, додека нема црвени линии и е подготвен на секакви отстапки само за да дојде на власт.СДСМ и Филипче ниту се однесуваат ниту дејствуваат проевропски. Тие декларативно повикуваат на Европа додека се опкружени со криминалци, го поткопуваат демократскиот систем и работат спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството“, се вели во соопштението.
The post ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Рим покажува „загриженост“ за работничките права во Македонија appeared first on Во Центар.



