Внимавајте да не си го поткасате јазикот, колку Карлеуша заработува по секс-скандалот?

Jelena Karleuša

Заради наводната порно афера со фудбалерот Огњен Врањеш на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша драстично и скокна цената на настапите. Овој викенд за пет часа пеење таа ќе заработи дури 40.000 евра, дознава добро информиран српски извор.
Јелена вечерва настапува во Виена, а во сабота ќе ги забавува обожавателите во Амстердам и за секој настап, верувале или не, ќе добие по 20.000 евра. Според тврдењата на изворот пред порно-скандалот таа земала околу 12.000 евра од настап, но сега сакаат да ја видат ширум Европа, па нејзините менаџери драстично ја зголемија цената.

Jelena Karleuša

По објавувањето на нејзините разголени фотографии и пораките кои ги разменувале со Врањеш, а кои веќе се објавени во медиумите, Јелена е ѕвезда број еден на естрадата. Порно аферата само дополнително и ја дигна цената. Менаџерите на сите поголеми клубови во Европа сакаат да ја ангажираат. Со тоа што веднаш замина во Кина и речиси две седмици никаде не настапуваше, таа дополнително ја “запали“ публиката. Сега може да бара колку сака пари, затоа што сите ќе дојдат да ја видат, без оглед на тоа колку ќе чини влезницата, изјавува за изворот познат естраден менаџер, додавајќи дека нејзиниот настап на доделувањето на MAC и новата нумера “LaJK“ во моментов се полн погодок…

Jelena Karleuša
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.