Внимателно одберете какво велигденско јајце ќе подарите- еве што значат боите

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување.
Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.
Ви го претставуваме значењето на боите на Велигденските јајца, кои во деновите што следуваат ќе бидат најдраг гостин во Вашите семејства:


Жолта боја – светлина, радост
Портокалова – трпение, моќ
Зелена – храброст, големина
Виолетова – надеж, спокојство
Сина – здравје, ведрина
Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење.
Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.