Водата во Ресен привремено не е безбедна за пиење

Поради интензивните врнежи од дожд и зголемениот природен прилив на вода, нарушен е квалитетот на водата во делови од водоводниот систем со кој управува ЈКП „Пролетер“ – Ресен.

Од претпријатието информираат дека водата привремено не се препорачува за пиење, од безбедносни причини. Станува збор за последица од екстремните временски услови, а не од дефект на водоводната мрежа.

– Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба – се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: