сабота, 28 ноември 2026
Најново

Воен авион во Бангладеш се урна на училишен кампус: Најмалку 19 мртви

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најмалку 19 лица загинаа денес кога авион за воени вежби на Бангладеш се урна во кампусот на приватно основно и средно училиште во Дака, соопшти официјален претставник на противпожарната служба.Повеќе од 50 лица, вклучувајќи деца и возрасни, се хоспитализирани поради изгореници, изјави за новинарите лекар од Националниот институт за изгореници и пластична хирургија.Жртви во училиштатаАвионот се урна во кампусот на приватното училиште и колеџ „Мајлстоун“ во северниот округ Утара во Дака, соопштија официјални лица. „Авион за обука Ф-7 БГИ на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во Утара“, соопшти војската.

Авионот удрил во зграда, предизвикувајќи пожар. „Ученик од трето одделение бил донесен мртов, а уште три лица на возраст од 12, 14 и 40 години биле примени во болница“, изјави Бидан Саркер, раководител на одделот за изгореници во болницата во Дака.Владата вети истрага и помош за жртвите. Инцидентот се случи малку повеќе од еден месец откако авион на „Ер Индија“ се урна во студентскиот дом на медицинскиот колеџ во Ахмедабад, Индија. Од 242 патници и членови на екипажот, 241 лице загинаа, а по уште 19 лица се трага.

Поврзани вести