Возачите шокирани: Намирница од која може да паднете на алкотест без да испиете ни капка алкохол

Возачите треба да знаат дека позитивниот алкотест не секогаш значи дека пиеле алкохол, одредена храна може да го „измами“ апаратот.

Токму така, еден возач во Кина бил шокиран кога тестот покажал дека ја надминал дозволената граница на алкохол во телото, иако тврдел дека не испил ниту една капка. Дури подоцна, детална анализа на крвта потврдила дека навистина бил целосно трезен.

До забуната дошло затоа што, непосредно пред тестот, тој изел голема количина дуријан, овошје познато по својот непријатен мирис, но и по својот специфичен вкус, кој потсетува на ванила. Докажано е дека хемиските состојки и шеќерите од ова овошје можат привремено да влијаат на алкотестерот, особено ако мерењето се прави веднаш по јадењето. Сличен ефект понекогаш се поврзува со ананасот и папајата.

Зрело овошје, леб и колачи

Кога бананите или грозјето се многу зрели, во желудникот може да се случи ферментација што создава мала количина алкохол, иако за „позитивно дување“ би требало да се изеде многу.

Од друга страна, лебот и печивата се прават од тесто со квасец, па дури и таму може да остане минимална трага од алкохол , што понекогаш влијае на резултатот.

Во некои колачи се користи и екстракт од ванила со висок процент на алкохол, но неговиот ефект брзо исчезнува, а по околу петнаесет минути трагата повеќе не може да се открие.

А што е со афионот?

Семките од афион нема да предизвикаат позитивен резултат на алкотестер, но затоа можат да влијаат на тестот за опијати. Поради малите траги од морфиум што може да ги содржат, прекумерната консумација понекогаш води до лажно позитивен резултат на тестот за дрога.

Со други зборови, дури и кога не сте пиеле, внимавајте што јадете пред да седнете зад воланот.
The post Возачите шокирани: Намирница од која може да паднете на алкотест без да испиете ни капка алкохол appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: