Возачот на камионот во кој беа пронајдени телата на 39 мажи и жени е обвинет за убиство

Се работи за Морис Робинсон, 25-годишен возач, кој беше уапсен веднаш по пронаоѓањето на телата. Тој е обвинет и за организиран шверц на луѓе, организирање нелегална имиграција и перење пари.
Телата беа пронајдени во средата во 01:40 часот по британско време. По разните информации што се појавија, полицијата откри дека приколката пристигнала во Велика Британија одделно од предниот дел на камионот. Ладилникот пристигнал од Северна Ирска , а влегол во Велика Британија преку пристаништето Хилхед во неделата, изјави портпарол на полицијата во Есекс.
Приколката на камионот пристигнала од Белгија, а белгиското Обвинителство објави дека поминала кратко време во таа земја, по трасата до пристаништето Зибриг. Јоаким Коунс, шеф на белгиското пристаниште, рече дека е малку веројатно луѓето да влегле таму во приколката. Тој рече дека приколката е запечатена во пристаништето и дека се проверувала.
Инспекторите потврдија дека приколката на камионот пристигнала во англиското пристаниште Пурфлет околу 00:30 часот. Камионот со приколката, управуван од Робертсон, го напуштила пристаништето околу 1:05 часот и се движел само пет минути до дестинацијата од три километри во индустриската област во Есекс.
Робинсон управувал со камионот само пет минути, а едно од прашањата што истражителите сигурно го барале во истрагата е зошто доаѓал од Северна Ирска за да ја транспортира приколката само три милји . Единствено може да се претпостави дека истражителите откриле доволно сомневање дека Робинсон бил вмешан во трговија со луѓе. Половина час подоцна, кога Робинсон го паркирал камионот во индустриско подрачје, телата биле откриени, а сè уште е нејасно каде оделе несреќните луѓе од приколката. Исто така сè уште е неизвесно од која националност се жртвите, но се сомнева дека станува збор за виетнамски, а не кинески државјани, како што беше речено на почетокот на истрагата.
Не се знае ниту што точно ја предизвикало нивната смрт и дали се замрзнале, задушиле или нешто друго. Денеска е уапсено и петто лице, поврзано со смртта на 39-те жртви , додека досега се уапсени четворица.
Главниот инспектор Мартин Пасмор го остави отворено прашањето за националноста на жртвите, но се повеќе се сомнева дека станува збор за луѓе од Виетнам. VietHome, организација која ја претставува виетнамската заедница во Велика Британија, соопшти дека примила фотографии од 20- тина лица чие исчезнување е пријавено. Свештеникот Ентони Данг Ху Нам од Виетнам изјави дека му било кажано дека повеќе од 100 луѓе ја напуштиле покраината Јен Тан во потрага по нов живот во Европа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.