Возачот се онесвестил кога ја отворил вратата на “камионот на смртта“

Возачот Мо Робинс, кој го возеше камионот во кој беа пронајдени тела на 39 кинески мигранти, наводно се онесвестил кога ја отвори вратата и ги видел мртвите тела, пренесува “Дејли Меил“.
Полицијата го убеди судијата да им даде уште 24 часа да го испрашаат возачот под сомнение дека убил 39 лица.
Робинсон, кој беше уапсен веднаш штом полицијата дошла до камион со ладилник, останува во притвор додека полицијата се обидува да открие дали знаел дека 31 маж и 8 жени, сите кинески државјани, се во камионот.
Еден негов пријател за “Дејли Меил“изјави дека Робинсон го запрел камионот за да земе документи од единицата за ладење кога нашол десетици замрзнати тела во задниот дел.
– Мо е од најдоброто семејство што можете да го сретнете. Сигурен сум дека тој не знаел дека овие луѓе се во неговиот камион. Тој требал да ја провери документацијата кога го отворил ладилникот и ги видел труповите, кажал неговиот пријател.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.