Возач на автобус од тетовско и патник се обиделе да прошверцуваат 34.965 евра. Автобусот сообраќал на релација Германија – Македонија.
При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт, додека при извршен преглед кај еден од патниците Ф.И.(20) од Теарце пронајдени се пет пликоа со разни апоени, со вкупна вредност од 34.965 евра кои ги внел преку Граничниот премин Табановце без притоа да ги пријави и притоа не поседувал никакви документи за сопственост и потекло на парите.
Двете лица се приведени и се сомничат за кривично дело „крумчарење“.
The post Возач на автобус и патник се обиделе да прошверцуваат 34.965 евра appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



