Возач од Скопје прегазил дете на „Туристичка“ во Охрид

69-годишен возач со автомобил вчеравечер прегазил малолетен пешак на булеварот „Туристичка“ во Охрид, соопшти МВР

„На 30.07.2025 во 21:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од екипа од СВР Охрид“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: