На автопатот меѓу Скопје и Тетово утрово избувна тешка сообраќајна несреќа. Во инцидентот се здобија со повреди четворица жители на Шуто Оризари, вклучувајќи и едно малолетно лице. Според неслужбени податоци, откако несреќата се случила, тројца повредени се пренесени во Градската општа болница Свети Наум Охридски, каде им се укажува помош за телесните повреди што ги имаат. Возачот на возилото, пак, е во критична состојба и моментално се наоѓа на интензивна нега во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Пронајдете не на следниве мрежи: