петок, 13 ноември 2026
Најново

Возел со 1.8 промили алкохол во крвта – уапсен маж во Куманово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 03.08.2025 во 21.50 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(52) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане.

Како што информираат од МВР, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.80 промили алкохол во крвта.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести