Возел со 188 километри на час на патот Кичево – Охрид

Возач со ауди возел со 188 километри на час на магистралниот пат Кичево – Охрид. Фатен е од полицијата кај Ново Село.

Станува збор за 29-годишен жител со иницијали Б.Л. од селото Мешеишта со престој во Германија.
– При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час, информира МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: