Вознемирувачка снимка од улична тепачка на тинејџерки: Ја собори на земја и главата ѝ ја удираше во бетон, таа се бори за живот (видео)

Девојче заврши во болница со сериозни повреди на главата и се бори за живот по улична тепачка меѓу тинејџерки во близина на училиште во Мисури.Тепачката се случила во близина на средно училиште во Сент Луис во петокот попладне. Полицијата околу 14 часот и 30 минути била повикана за тепачката на раскрсницата. Таму нашле едно девојче со тешка повреда на главата.Тепачката беше снимена, а видеото беше објавено на социјалните мрежи и привлече големо внимание откако за три дена беше прегледано најмалку 14 милиони пати.Вознемирувачката снимка покажува тепачка меѓу две тинејџерки на улица додека се опкружени од поголема група млади. Една девојка е снимена како лежи на земја, додека друга ја удира со главата во бетон.Некои потоа се обидуваат да ги разделат, но тие потоа пак почнуваат да се тепаат.Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!
BREAKING | St. Louis, Missouri | USA JUST IN -Large Brawl Near HAZELWOOD HIGHSCHOOL –■That womans head was smashed into cement she’s then seizures,she is in critical condition right now pic.twitter.com/mSZ4VNwUgZ— MəanL¡LMə♡₩ (@MeanLILMeoW) March 10, 2024
Полицијата во Сент Луис соопшти дека 15-годишно девојче е уапсено во саботата и е во притвор под обвинение за напад.Повредената моментално е во болница и’ е во критична состојба.Засега не е познато како дошло до тепачката, а училиштето по инцидентот објави соопштение во кое го осудува насилството.

Пронајдете не на следниве мрежи: