КАТАСТРОФА ВО Доњецк: Трупови насекаде, крв тече на улица – украинската ракета направи пеколни сцени (ВИДЕО)

Украина денеска изврши ракетен напад на пазарот во Доњецк, загинатите и ранетите сè уште се бројат, според потврдени информации има најмалку 13.

Ситуацијата дополнително ја влоши и тоа што нападот е извршен во недела кога пазарите се полни и кога обичниот човек излегува да набави основни намирници. Оние кои денеска решија да пазарат, завршија во пеколот на украинското бомбардирање, чии снимки се појавуваат на мрежата „Х“.

Дописникот на РИА Новости јави дека украинските војници истрелале најмалку шест гранати од 155 милиметри во областа Текстилшчик во областа Кировски, каде што се наоѓаат пазари и голем број продавници.

Деталите за нападот сè уште се истражуваат, соопштија официјални лица.

Колку нападот бил застрашувачки најдобро покажува видеото на кое се гледаат неколку трупови како пливаат во крв.

Стоката што ја продаваа пазарџиите леташе на сите страни, а многумина ги загубија животите на нивните тезги.

Округот Кировски се наоѓа југозападно од Доњецк.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.