Гледачите на Netflix тврдат дека од сцените од филмот „Fall“ им се слошило, а некои дури пишуваат дека тоа е најстрашниот филм што некогаш го гледале.
Филмот е особено стресен за оние што страдаат од страв од височина, па дури и Netflix на својот официјален профил на Twitter ги предупреди гледачите за вознемирувачки сцени.
„Речиси секоја сцена во филмот ‘Fall’ може да ви создаде вртоглавица“, пишуваат гледачите, а многумина и се жалат.
„Fall“ е еден од најстрашните филмови што сум ги гледал. Без крв, без насилство, само силно чувство на вознемиреност низ целиот филм. Ужас. Дланките ми се потеа цело време“, напиша еден твитерџија.
Друг нагласи дека го исплашила самата висина на која се одвива дејството.
„Секогаш ми беше тешко да ги објаснам стравот и вознемиреноста од височините и погледот на околината од повисоките височини. „Fall“ навистина ми предизвика вознемиреност и вртоглавица“, додаде друг твитерџија.
„Навистина со нетрпение го очекував овој филм, но не знаев дека се плашам толку од височините додека не го гледав. Од некои од сцените на крајот ми се слоши, а ако бев на таква кула, ќе умрев од страв“, пишува друг корисник на Twitter.
„Добар филм, повратив и имав напад на паника, но беше добро“, напиша трет твитерџија.
Филмот „Fall“ ја прикажува напнатата и застрашувачка авантура на две девојки, Беки и Хантер, кои се заглавуваат на радио кула висока 610 метри, на која се искачиле за да ја растурат пепелта на сопругот на Беки, кој загинал во планинарска несреќа.
Пронајдете не на следниве мрежи: