среда, 18 ноември 2026
Најново

Воз со 80 патници излета од шините во Швајцарија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Воз утрово излета од шините во областа Гопенштајн во швајцарскиот кантон Вале откако лавина ја погоди пругата. Полицијата потврди дека е во тек операција на местото на настанот и дека неколку лица се повредени.

Според објавата од локалната полиција на платформата Икс, безбедносните сили се на местото на инцидентот, додека првичните извештаи укажуваат на повредени патници. Портпаролот на железничката компанија BLS потврди дека излетувањето од шините е предизвикано од лавина што ја погодила пругата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Возот излетал од шините во областа Штокгрејб, помеѓу Гопенштајн и Хохтен, во кантонот Вале. Во него имало 80 патници. Швајцарските федерални железници (SBB) објавија дека сообраќајот на линијата ќе остане во прекин најмалку до вторник, 4:00 часот наутро.

Од BLS изјавија за веб-страницата Blick дека возот што излетал од шините бил регионален експресен воз што тргнал од Шпиц, во кантонот Берн, околу 6:00 часот наутро. Според компанијата, процесот на отстранување на патниците од возот ќе започне веднаш.

Властите ја продолжуваат операцијата на местото на настанот, додека се чекаат официјални соопштенија за состојбата на патниците и точните причини за инцидентот.

Поврзани вести