Вонредна временска прогноза: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 30 степени.


До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.