Вонредна најава од УХМР: И попладнево ќе има невреме со град

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.
И во Скопје и околината слично време со минимална температура до 18 и дневна до 31 степен.
Од УХМР најавуваат дека нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде до утре во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Наредните денови времето ќе биде претежно сончево, а од петок ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.