Иако Цеца Ражнатовиќ ја тужи Јелена Карлеуша за јавна навреда и поради тоа извесен период се среќаваат на суд, Карлеуша повторно си тера по свое.
Вчера повторно имаше закажано ново судско рочиште но тие две на суд се задржаа само 15 минути бидејќи судењето беше одложено поради смрт на судијата.
Цеца даде изјава и за медиумите, но Карлеуша не била расположена па за да не остане должна се изјасни на социјалните мрежи.
Таа на својот Инстаграм профил го објави видеото каде Цеца дава изјава и под него повторно упати навреда.
-Извини, не жалам, немам време за едноставни ку*ки, напиша Јелена.
Пронајдете не на следниве мрежи:



