четврток, 12 ноември 2026
Најново

Војници во Израел одбија средба со Нетанјаху

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 – Некои резервни војници што служат во специјалната единица на израелската војска под име „Алпинист“ одбија да се сретнат со премиерот Бенјамин Нетанјаху при неговата посета на единицата.Според пишувањето на израелскиот весник „Хаарец“, Нетанјаху вчера ја посетил воената база во северниот дел на земјата.Пред неговата посета на специјалната воена единица, војниците добиле упатства да бидат подготвени за состанок, но многу војници не сакале да се сретнат со Нетанјаху.На состанокот учествувале два тима што ги избрал командантот на единицата.Кабинетот на израелскиот премиер даде соопштение за посетата со фотографија од состанокот на Нетанјаху со војниците.

Поврзани вести