Војската ќе го изгради ѕидот кон Мексико, напиша Трамп

Ако се покаже потребно американската армија ќе се вклучи во изградбата на ѕидот кон Мексико изјави денес претседателот на САД, Доналд Трамп. Според него, ова сценарио е можно доколку за идејата не добие доволен број гласови во Конгресот.
-Ако демократите не ни дадат гласови за безбедноста на нашата земја, војската ќе го изгради ѕидот, напиша Трамп на „Твитер“ пред средбата со двајца демократи од Конгресот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.