Во автобуска несреќа во Анталија, повредени најмалку 25 туристи

Најмалку 25 лица се повредени во Турција кога автобус со туристи од Полска, Русија и Норвешка излетал од пат и се превртел.
Несреќата се случила во близина на Кемер во Анталија, а повредените патници се пренесени во болници во Кемер и Кумлуча.
Засега само се наведува дека возачот ја загубил контролата над автобусот, но причината за несреќата сѐ уште не е позната.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.