петок, 13 ноември 2026
Најново

Во автобусот Скопје-Гостивар се гушеле прекубројните патниците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во автобус на релацијата од Скопје до Гостивар имало околу 20 прекубројни патници по што граѓаните се жалеле дека се гушат. На влезот на Тетово полицијата ги симнала од автобусот „Еуро турист“, кој во петокот во 18 часот тргнал од Скопје за Гостивар, пренесува “Порталб.мк“.
Возачот дозволил да се превезуваат 20 патници повеќе, со билети што ги купиле во автобус. За време на патувањето патниците се жалеле дека се гушат, но возачот се правдал дека не е негова вина, пренесе порталот.
Автобусот бил сопрен од сообраќајната полиција на влезот во Тетово и се симнале сите патници кои што стоеле. Полициската контрола траела 35 минути, потоа патниците повторно се качиле во автобус, а се симнале во Тетово.

 

Поврзани вести