Во акциска контрола вчера казнети околу 200 возачи

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 6 часот до полноќ спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 43 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози, соопшти МВР.
Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 23 часот до 5 часот изутрината спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 25 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 12 прекршочни платни налози.
Вчера од 14 часот до полноќ санкционирани се 14 возачи на мотори, а откриени се и 28 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и седум прекршочни платни налози.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.