Во “Андерлехт“ сите вчудоневидени, менаџерот со свој коментар

Отакако заради болест ги пропушти подготовките во Шпанија Огњен Врањеш вчера се појави во тренинг центарот на белгискиот клуб. Тренираше со своите соиграчи, како ништо да не се случило. Никој во клубот не го очекуваше, тој беше неоправдано отсатен, изјавија за белгиските медиуми од “Андерлехт“, додавајќи дека босанскиот дефанзивец може наскоро да го напушти клубот.
Генералниот директор на “Андерлехт“, Михаел Вершуерен се надева дека оваа ситуација ќе има брза разрешница и порачува дека е време да се изнајде вистинско решение за “Андерлехт“ и Врањеш.
Неговиот менаџер Срѓан Јеремиќ кој во моментов е во Дубаи, пак, на белгиските новинари им рекол дека Огњен најверојатно ќе остане во клубот.
– Не сакам ништо да зборувам за контроверзите од изминативе месеци, но она што можам да ви го кажам е дека Огњен ќе остане во “Андерлехт“, освен ако нема некои изненадувања. Има договор до 2022. година кој сака да го испочитува, рекол Јеремиќ.
За понудите кои Врањеш ги добил од клубови во Русија и Блискиот Исток неговиот менаџер изјавил дека Огњен не сака  да оди таму, ниту да се врати во Грција каде многу успешно настапувал за тимот на АЕК. Тој потврдил дека врвни тимови се заинтересирани за Врањеш, но и дека тој токму на “Андерлехт“ сака да му покаже дека е одличен фудбалер и дека токму сега повеќе од било кога може да му биде од корист на тимот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.