петок, 27 ноември 2026
Најново

Во април повеќе се купувале храна, пијалаци и тутун за разлика од лани, побарувачката на гориво е намалена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3  проценти, а реално за 11.3 проценти, а во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 1.1 процент, а реално е зголемена за 5.2 проценту.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.6 проценти, а реално за 9.3 проценти, а во Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 19.4 проценти, а номинално за 1.8  проценти.