Во Белгија започна расправата за проширување на правото на евтаназија на малолетници

 Белгиските парламентарци во средата повторно ја покренаа расправата за евтаназијата легализирана во 2002 година, за да се одлучат дали ќе ја прошират на малолетниците, по повеќе случаи за кои пишуваа тамошните медиуми.Расправата во белгискиот Сенат за „актуализацијата“ на законот се предвидува да потрае повеќе месеци и ќе се однесува на неговото проширување на возрасни лица кои боледуваат од дегеративни болести, како што е на пример Алцхајмеровата.Расправата ја отворија пратениците од различни партии, меѓу нив и социјалистичкиот сенатор Филип Мауз, еден од авторите на законот од 2002 година, кој сака сега да го прошири на малолетниците, под услов да „можат да расудуваат, боледуваат од неизлечива болест и трпат незапирлива болка“.Законот за евтаназија во Белгија во моментов се применува само на лица постари од 18 години кои ги имаат сите ментални способности.Еден од експертите кои во средата беше сослушан во Сенатот изјавил дека е „очигледно“ дека евтаназијата веќе се применува на малолетни лица, надвор од законската рамка. „Сите тоа го знаеме“, додал Доминик Биарен, раководител на службата за интензивна нега на Универзитетската детска болница на кралицата Фабиола, пренесе агенцијата Belga.Професорката Крис ван Геет, вториот експерт кого го сослушуваа белгиските сенатори, се запраша за заснованоста на оваа реформа која претставува „голем етички проблем“.Расправата ќе се однесува на околностите во врска со евтаназијата на малолетниците, односно да се воведе долна возрасна граници – 12, 15 или 16 години, коишто засега се споменуваат во белгиските медиуми, согласноста на родителите и мислењето на медицинските лица.Прва земја во сферата на законските акти во врска со евтаназијата е Холандија, каде во 1988 година беше одобрена евтаназија за помлади од 18 години.Белгиските партии на центарот со христијански предзнак се противат на измените на сегашниот закон за кој не гласаа ниту во 2002 година.Белгија во 2012 година имаше рекорден број случаи на евтаназија од 1.432 случаи, што е пораст од 25 отсто на годишно ниво. На евтаназијата отпаѓаат помалку од два процента од сите починати.Според сегашниот белгиски закон, мора да бидат исполнети строги услови: пациентот мора да боледува од неизлечива болест, мора „да биде правно способен и свесен“ и мора да го формулира своето барање „доброволно, промислено и повторено“, без никаква принуда.
Макфакс Белгиските парламентарци во средата повторно ја покренаа расправата за евтаназијата легализирана во 2002 г

Пронајдете не на следниве мрежи: