Во близина на турскиот брег потона брод

Во близина на градот Самсун во Турција потона брод кој пловел под панамско знаме. Според информациите на Министерството за внатрешни работи на Турција операција за спасување започнала откако бродот упатил сигнал за помош. Спасени се најмалку четири члена на екипажот, а по останатите се трага.
Според првичните информации не е познато колку членови на екипажот имало на бродот, ниту, пак, причината за несреќата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.