Во Босна живее канибал-ја убил мајка си со секира, па ја изел!

Во едно село во близина на Босанска Крупа живее канибал. Сабахудин Велиќ во септември минатата година во дворот на семејната куќа со секира ја убил својата мајка, а потоа ја масакрирал. Додека таа цепела дрва и ја побарал секирата велејќи и дека тоа е машка работа, по што без никаква причина два пати ја удрил по главата и вратот, од што кутрата жена починала.
По убиството го запалил телото, но бидејќи не изгорело го закопал на непознато место. Потоа го откопал и во гаражата го сечел со разни алати, ги разделил коските од месото, кое подоцна го јадел. Монструмот расфрлал делови од телото по околните ливади и во шумата, а преостанатите ги закопал во близина на родната куќа. Во дадените искази тврдел дека морал да го изврши злочинот, затоа што е маѓепсан и само ги извршувал наредбите на вишите сили.
Сабахудин живеел сам со својата мајка, едниот брат му работел во Германија, а другиот во Словенија. Кратко време и тој работел во Словенија, но во 2009. година се вратил затоа што не сакал да ја остави мајка му сама. Заради тоа одбил да оди и во Германија, па живеел од пензијата на татко му која ја наследила неговата мајка, меѓу другото изјавил неговиот брат Фахрудин кој бил сослушан во својство на сведок. Пред 13 години девојката со која бил во врска се удавила во реката Уна и од тогаш немал девојка.
За разлика од првите денови кога давал искази и кога без евидентни емоции раскажувал што се и направил на својата мајка, на првото рочиште Велиќ не можел да се ги запре солзите. Во затворот не користи лекови и ги почитува правилата. Последниве месеци, откако е во затвор, психичките симтоми му се ублажени, пишува “Аваз“.
– Сабахудин Велиќ боледува од шизофренија и трајно е непресметлив. Се тоа бара негово лекување и сместување во соодветна медицинска установа, што е предлог на Обвинителството, а на што одбраната не се противи, изјавил адвокатот на обвинетиот Велиќ.

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.