Во Британија произведен најсилниот џин на светот – содржи дури 95 отсто алкохол

Најсилниот џин „Anno Extreme 95“ е направен во Велика Британија, а има дури 95 отсто алкохол. Џинот е направен од страна на пар научници кои пред 10 години се посветиле на производство на алкохолни пијалаци.
„Anno Extreme 95“ содржи бројни растителни состојки кои го сочинуваат неговиот уникатен вкус, вклучувајќи анасон, коријандер, мускатно оревче и сладок корен.

На описот на производот стои дека има робустна арома и „комбинација од зачини кои омекнуваат со свежата голтка цитруси со слатки растителни ноти, а има долг, сув и сложен завршеток со примеси на топол сладок корен“.
„Развиен од научници со вкус за авантура, џинот „Anno Extreme 95“ е произведен со една цел – да создаде алхемичарски дух. Тоа е џин кој содржи повеќе вкус отколу било кој друг алкохол на светот. Користиме продолжена дестилација со мешавина од потопени билки и билки кои ги држевме на пареа за да го извлечеме најдобриот вкус спакуван во шише од 25 милилитри“, стои во објавата од дестилеријата.
Пред да се појави „Anno Extreme 95“, титулата на најсилен џин на светот ја носеше „Strane Ultra Uncut“ со 82 отсто алкохол, кој во 2018 година го произведе шведската фирма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.