Во вторник на шест месеци од трагедијата во Пулс протест најавен и во Кочани

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ

Драги браќа, сестри, роднини, пријатели и другарчиња на нашите ангели,

На 16 септември се навршуваат 6 месеци откако нашите сакани ангели нè напуштија по трагичниот настан што се случи на 16 март во „Пулс“. Во нивна чест и во борбата за вистината и правдата што ја заслужуваат, ве повикуваме сите заедно да излеземе и да дадеме поддршка.

Маршрутата е следна:

15:35 Почеток од Паркот на револуцијата – Кочани

Основен суд – Кочани

Министерство за внатрешни работи – Кочани

Управа за јавни приходи – Кочани

Завршување со враќање во Паркот на револуцијата

Овој марш е симбол на нашата заедничка болка, но и наша силна порака:

Никогаш повеќе ваква трагедија!

Доста беше со манипулации и корупција што одземаат невини животи!

Да се собереме сите заедно, да им оддадеме чест на ангелите и да покажеме дека нивната светлина и борбата за правда нема да згасне.

Ви благодариме за вашата поддршка и присуство.

Пронајдете не на следниве мрежи: