Голем пожар доцна синоќа избувна во скопската населба Козле, кој зафати три куќи и помошна просторија.
„На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, известија од МВР.
Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил позади помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.
Во тек е увид на местото на пожарот.



