Во Грција забранета неонацистичката ЗЛАТНА ЗОРА!

Во Грција забранета неонацистичката ЗЛАТНА ЗОРА!

Со објавување на пресудите, најголемото судење на радикално десните екстремисти во Грција, здружени во партијата Златна зора и околу неа, завршува по повеќе од пет години.

Формирана како неонацистичка групација во 1980-те години, Златна Зора неодамна стана трета по големина партија во Грција. Елемент кој во многу придонесе беше секако финансиската криза. Таа помогна за регрутирање на многу млади Грци.

Златна зора својот политички зенит го доживеа во 2012 година, во време на економската криза во Грција. Таа година партијата освои 12 насто гласови на изборите и беше трета најсилна партија во Парламентот.

„Ова е навистина историски ден за Грција, за демократијата и владеењето на правото“, твитна Мицотакис.

„Откако грчкиот народ ја истера неонацистичката Златна Зора од парламентот на последните избори, денес грчкиот правосуден систем го осуди нејзиното раководство за функционирање како криминална организација“.

Судот донесе одлука за седум од 18 обвинети поранешни пратеници на Златна Зора, вклучително и партискиот лидер Никос Михалолиакос, дека се виновни за водење на КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗИРАЦИЈА.

На обвинителната клупа во овој мега процес се најдоа 68 обвинети за четири различни кривични дела.

Останатите беа осудени за учество во криминална организација.

Како симбол на пркос против пресудата, приврзаници на Златна зора, во очи носењето на денешната пресуда, ги осквернавија еврејските гробишта во Атина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.