Во два земјотреса за 30 минути во Кина загинаа 12 лица

Во два силни земјотреса кои се случија во период од 30 минути синоќа во југозападната провинција Сечуан загинаа 12 лица, а 134 се повредени, соопштија денес кинеските државни медиуми. Спасувачките екипи успеале да извлечат неколку преживеани од под урнатините во близина на епицентарот.
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени беше проследен со уште еден со јачина од 5,2 степена, а двата достигнаа длабочина од 10 километри, соопшти Геолошкиот завод на САД.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.