Во Египет пронајдена мумија прекриена со злато

Египетски археолози соопштија дека е пронајдена мумија со златни лисја на себе, затворена во саркофаг којшто не е отворен 4.300 години. Се работи за посмртни останки на човек по име Хекашепес, и се смета за едно од најстарите скоро целосни невладетелски тела откриени во Египет.

Мумијата е откриена во окно длабоко 15 метри, на антички гробишта јужно од Каиро – во Сакара, каде што се пронајдени уште три гробници. А, едниот гроб му припаѓал на Чуварот на тајните… Тој е именуван Мери – висок функционер во државата кој ја добил таа титула која му дозволувала да врши посебни верски обреди.

Во Египет пронајдена мумија прекриена со злато

Се верува дека најголемата од мумиите откриени на овие древни гробишта е извесен Хнумџедеф – свештеник, инспектор и надгледник на благородниците. А пак, во четвртиот гроб бил погребан судија и писател по име Фетек. Тука е откриена збирка од она што се верува дека се најголемите статуи кои некогаш се пронајдени во целата оваа област.
Ископани се и повеќе предмети, вклучително и ќерамика. Археологот Захи Хавас, поранешен министер за антиквитети на Египет, смета дека сите наоди датираат од околу XXV до XXII век п.н.е.

– Ова откритие е прилично важно, бидејќи ги поврзува владетелите со луѓето што живеат околу нив, изјави Али Абу Дешиш, друг археолог вклучен во ископувањата.
Сакара е некропола што содржи гробови кои се датираат во временски распон од над 3.000 години. Сместена во древниот египетски главен град Мемфис, таа е дом на повеќе од 12 пирамиди – вклучувајќи ја и Степенестата пирамида, во близина на местото каде што се пронајдени и новооткриените мумии. Подрачјето е прогласено е за светско наследство на УНЕСКО.
Египет со овие големи археолошки откритија последниве години, цели, меѓу другото – да го заживее и својот туризам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.