Во експлозијата во пекара во Париз најмалку 20 повредени 

Во експлозијата која се случи денес во пекара во Париз повредени се најмалку 20 луѓе, објавија француски медиуми. Се претпоставува дека експлозијата се случила заради истекување на гас.
Портпаролката на полицијата на Париз изјави дека во инцидентот нема загинати. Полицијата ги советуваше жителите на Париз да го избегнуваат тој дел од градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.