Вечерва во Скопје се одржува мирен собир на граѓаните и студентите по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде животот го загубија 62 млади личности, а 193 беа повредени.
“Тука сме за да оддадеме почит на жртвите во дискотетката „Пулс“ и да ги потсетиме институциите да си ја работат својата работа и од утре веќе нема да молчиме. При секоја посета во Кочани родителите ни се благодарни заради тоа што не сме ги заборавиле. Да им покажеме на дека сме тука за нив и нема да ги заборавиме.„
Граѓаните оддават почит со молк и “ѕвездено небо“. Вакви мирни собири вечерва се организирани и во Кочани и Штип.



