Состојбата не е ни малку добра за работниците и граѓаните, овој месец е најдолг, а честитките кои беа упатени од работодавачите кон работниците се навистина разочарувачки, истакна во гостување во „Тешки муабети“ претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
– Граѓаните во последните шест месеци беба оставени сами на себе, кој како знае и умее да преживее, за жал годината завршува на штета на работниците. Миниамлната плата е околу 24.000 денари, за жал и синдикалната минимална кошница која ја пресметуваме, а тие ја опсоруваат, покажува дека на едно четиричлено семејно докаќинство месечно му недостасуваат околу 5.000 денари за овозможување на основните трошоци за живот. Минатата година предизвика низа на протести, а веројатно на почетокот на оваа година ќе има и генерален штрајк во сите сектори, објасни Трендафилов.
Во врска со наводите на Владата дека зголемување на платата значи зголемување на инфлацијата, Трендафилов истакна:
– Истите пратеници од сегашната владејачка гарнитура, тогашна опозиција, ревносно не поддржуваа во борбата за зголемување на минималната плата, велеа дека треба зголемување на сите плати, поднесуваа амандмани и на таков начин во 2022 година е сменета методологијата и за неполни 4 години минималната плата се зголеми за 9.000 денари. Две-две и пол илјади евра функционерски плати нема да подгреат инфлација, ама минималните работнички плати ќе ја зголемат. Таквите изјави се крајно разочарувачки и несериозно, вели Трендафилов.



