четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во изолација во Пепелиште сместени само неколку лица: Условите се ужасни, ќе се разболиме

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Музичари од Битола кои се враќале од Австралија се дел од околу 200-те патниците кои вчера допатуваа во Македонија преку граничниот премин Деве Баир, откако не им беше дозволен влз во Србија од Унгарија.
Иако властите најавија дека сите лица ќе бидат сместени во групен карантин во касарната во Пепелиште и за тоа се обезбедени услови, деветте музичари тврдат дека само тие се наоѓаат на касарната.

Членовите на оркестарот синоќа преку социјалните мрежи објавија видео во кое ги споделуваат нивните искуства за тоа во какви услови се сместени истакнувајќи дека се сместени во студени простории, креветите и перниците не се чисти, а низ просторијата шетаат црви и други инсекти.

Поврзани вести