Портпаролот на Хамас Абдел-Латиф Ал-Каноа е убиен во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, пренесе медиумска мрежа поврзана со Хамас.Ал Каноа е убиен кога неговиот шатор бил погоден во Џабалија, а во нападот се повредени уште неколку лица, наведуваат медицински извори, пренесени од британските медиуми.Претходно неделава, во израелските напади загинаа и Исмаил Бархуми, член на политичкото биро на Хамас, како и Салах ал-Бардавела, висок лидер на групата.Бархуми и Бардавела беа дел 20-членото политичко биро на Хамас, од кои 11 лица се убиени од почетокот на војната во октомври 2023 година, наведе групата.Израел на 18 март ги продолжи нападите врз Газа и досега загинаа најмалку 830 луѓе, од кои повеќе од половина се деца и жени, соопшти здравствениот сектор во Газа.Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.Хамас сè уште држи 59 од 250-те првично киднапирани заложници, и постојано го обвинува Израел за попречување на напорите на посредниците да преговараат за траен прекин на конфликтот.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека бомбардирањето е наредено бидејќи Хамас не ги прифатил предлозите за продолжување на примирјето, повторно предупредувајќи дека Израел ќе ја окупира Газа доколку Хамас не ги ослободи преостанатите заложници.
Пронајдете не на следниве мрежи: