Во ирските извидници сексуално злоупотребувани повеќе од 300 деца 

Организацијата на извидници „Скаути Ирска“ соопшти дека во тоа здружение биле сексуално злоставувани повеќе од 300 деца, а Организацијата изрази „длабоко жалење”, бидејќи младите членови не биле сигурни под претходното раководство на здружението. Наводно, злоставувањата се случувале со децении, а организацијата ги штитела волонтерите монструми и ги преместувала од една група во група.
Со истрагата која ја спровела самата организација утврдено е дека 212 осомничени злоставувачи злоупотребиле дури 317 деца.
Информацијата за скандалот била пренесена до ирскиот Национален парламент, по што бројот на посочени сторители на сексуална злоупотреба и жртви, за само три седмици тројно се зголемил. Што е уште пострашно се очекува тој и понатаму да расте.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.