Неколку лица се повредени во верижен судир во кинескиот град Сужоу, во провинцијата Џиангсу. Во сообраќајната несреќа учествувале повеќе од 100 автомобили.Како што соопшти сообраќајната полиција три лица се хоспитализирани, а шестмина се здобиле со полесни повреди.Верижниот судир е предизвикан од голомразица. Во текот на изминатите неколку недели, големи делови од Кина беа погодени од студени бранови, виулици и замрзнат дожд, што влијаеше на транспортот додека милиони луѓе патуваат дома за да ја прослават лунарната Нова година.
Пронајдете не на следниве мрежи:



