Во која година од животот луѓето се најнесреќни?

Сите имаме некој период од животот на кој се сеќаваме со насмевка на лицето, но некои години би сакале да ги заборавиме бидејќи се полни со тажни спомени. Едно истражување покажа во која година од животот сме најнесреќни.
Феноменот „криза на средните години“ е добро познат и ја означува животната фаза во која сите го преиспитуваме својот живот, па може да бидеме несреќни поради своите одлуки кои сме ги донеле во младоста.
Во последно време се појави и пораст на незадоволство и депресија кај луѓе во раните 20. години.
Меѓутоа, се поставува прашањето дали чувството на несреќа и незадоволство е поврзано за возраста и дали луѓето од различни земји во светот се чувствуваат несреќно во истиот период од животот.
Новата студија објавена во списанието Journal of Economic Behavior & Organization спроведе истражување на поголема група луѓе. Во студијата се анализирани податоци на повеќе од 14 милиони учесници од 40 различни земји.


Испитаниците требало да одговорат на прашања од неколку области:
Ментално здравје: оваа категорија ги вклучува прашањата за тоа дали личноста има многу лоши денови, дали страда од депресија, загриженост, тага, стрес, дали има напади на паника;
Социјализација: оваа категорија ги опфаќа прашањата за ниска самодоверба, чувство на неуспех, осаменост и чувство на напнатост;
Физичка состојба: оваа категорија ги опфаќа прашањата за потешкотии со спиењето и болки во телото.
Резултатите покажале дека луѓето во Европа и САД се најнесреќни кон крајот на 40-тите години, поточно на 49-годишна возраст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.