Додека во Белград вечерва е најавен голем протест организиран од „Студенти во блокада“, во Куманово се одржа собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Собирот беше организиран од Здружението на Србите во Македонија „Мир, слога и стабилност“, а поддршка на собирот, како што тврдат организаторите, не дале само Србите во Македонија, туку и Македонци.
Милена Величковиќ, претседателка на здружението, изјави дека организирањето на собирот било извадено од контекст.
– Ова не е мешање во внатрешните работи на Македонија, туку одраз на она што ние го чувствуваме. По националност сме Срби, но живееме и работиме тука, што значи дека во некои сегменти Македонија ја сакаме и повеќе од оние што се од македонска националност. Да не беше така, ние ќе си заминевме, рече Величковиќ.
The post Во Куманово собир за поддршка на Вучиќ appeared first on Provereno.



