Во кумановско Опае прегазено 6-годишно дете

Вчера околу 15:20 часот во село Опае, општина Липково, патничко возило “БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(24) од село Лопате, кумановско, удрило во шестгодишно дете од село Опае. Од ударот момчето се здобило со повреди и по укажаната помош во болницата во Куманово било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.