Во напад со нож во црква се повредени четири лица во Австралија

– Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во Сиднеј, Австралија.Инцидентот се случил во црквата Христос Добриот Пастир во Вејкли, во западен Сиднеј, околу 19 часот и 15 минути по локално време, пренесува „9 Вести“.

Наведено е дека во нападот што се случил за време на молитвата во црквата биле повредени свештеник и три лица.На социјалните мрежи е објавена снимка на која може да се види како напаѓачот му приоѓа на свештеникот и го напаѓа со нож.

Деталите за нападот сѐ уште не се потврдени, но се вели дека сторителот, за кој се верува дека дејствувал сам, е во притвор.

Пронајдете не на следниве мрежи: